Утрински Весник
Македонија

Нова мапа покажува дека Македонија е меѓу најризичните за земјотреси во Европа

Img 1756.jpeg

Нова сеизмичка мапа која кружи на социјалните мрежи повторно го потврдува високоризичниот статус на Балканот, при што Македонија се наоѓа во зоната со најголем потенцијал за земјотреси.

Мапата ја дели Европа на три категории: висок ризик (црвена), среден-низок ризик (портокалова) и многу низок ризик (зелена). Според прикажаните податоци, целиот Балкан – вклучувајќи ги Македонија, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Албанија и Грција – е означен како регион со најголем сеизмички ризик, слично со западниот дел на Турција.

Спротивно на тоа, Ирска, Велика Британија, Скандинавија, балтичките држави и Полска се прикажани како речиси целосно безбедни, обележани во темно зелена зона. Шпанија, Португалија, Франција, Австрија и Унгарија се во портокалова категорија на ризик, додека Италија е речиси целосно обоена во црвено, што ја позиционира меѓу најризичните земји на континентот.

Авторите на мапата предупредуваат дека дел од информациите може да не бидат целосно прецизни – дел од старите или неактивни раседи не се прикажани, а некои региони се оценети условно. Сепак, објавата уште еднаш ја нагласува потребата од внимателност, модернизација на објектите и јакнење на безбедносните стандарди во Македонија и поширокиот регион.

Можете да прочитате

Прв пат по 12 години, државната помош за странските компании доцни поради изборите

(Документ) За настапот на Аца Лукас се беше пријавено, велат од кафулето

Орденот „Осми септември“ за кардиологот Сашко Кедев