Утрински Весник
Македонија

Нова канцеларија на управни служби на МВР во Демир Капија

494373859 122230233908197509 2195945804991274787 n.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Демир Капија присуствуваше на отворање на нова канцеларија на управните служби на министерството за внатрешни работи.

MK Summit

„Оваа е петта локација по ред отворена со цел да овозможиме полесен и побрз пристап на граѓаните до услугите на министерството за внатрешни работи. Канцеларијата располага со базна станица за сликање на сите лични документи и граѓаните ќе можат тука да ги извадат своите лични карти, возачки дозволи и пасоши. Со оваа канцеларија се овозможува пристап на околу 5000 жители на Демир Капија и околината за брзо и лесно вадење на лични документи. Сите македонски граѓани заслужуваат побрзи и поефикасни услуги од институциите кои постојат за нив”, потенцираше министерот Тошковски.


Канцеларијата ќе работи првично еден дел од неделата, секој понеделник од 08 до 16 часот.

Можете да прочитате

Пожар кај Илинден: Огнот во близина на цистерни и бензинска пумпа, пожарникарите на терен

Несекојдневен протест во Охрид: Со СУП даски направија блокада во езерото

Уапсен маж од Крушево, дома му нашле дрога и оружје