Утрински Весник
Македонија

Нова измама – млад скопјанец барал работа во странство па останал без пари

Policija.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 23.09.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, 25 – годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од женско лице за сума од околу 11.000 денари.

Според пријавеното, тој на интернет забележал оглас за работа во странска земја објавен од лицето, по што стапил во контакт и потоа во два наврати ги уплатил парите. Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Можете да прочитате

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026

Наслов: Кривична пријава за измама при продажба на куќа во Тетово

Николоски: Македонски експерти работат на стабилизација на свлечиштата и косините на автопатот Охрид-Кичево