
Турската компанија „Чагатај Кабло“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје постави камен-темелник на својата нова фабрика во која ќе бидат отворени до 200 нови работни места. Инвестицијата е шест милиони евра, а објектот ќе се протега на потвршина од 10 илјади метри квадратни.
Според премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика, оваа нова инвестиција на „Чагатај Кабло“ е потврда дека владините политики се добри и државата се движи во вистински правец.
– Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, туку и за локалната заендица, националната економија и за иднината на секој млад човек кој сака да остане тука. Вградуваме уште еден темелна економска доверба, јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа, рече Мицкоски.