Утрински Весник
Свет

Нова ерупција на вулканот Ибу: Исфрлен пепел на височина од пет километри

Vulkan.jpg

Вулканот Ибу во источна Индонезија денеска повторно почна да исфрла огромни количества пепел, додека минатата недела властите го подигнаа нивото на тревога на второто, највисоко ниво на скала до четири.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Столб од пепел се издигна на небото на островот Халмахера во провинцијата Северен Молука и достигна повеќе од пет километри над врвот на вулканот, објави агенцијата за вулканологија и геологија, која објави слики од ерупцијата, една од најголем во последните месеци.

„Пепелта е густа и се движи кон запад“, се вели во денешното соопштение на директорот на агенцијата Мухамед Вафи.

Тој ги повика мештаните во тој крај да носат маски и очила кога излегуваат, за да се заштитат од вулканската пепел.

Вулканот имаше мала ерупција во саботата, исфрлајќи лава и пепел неколку километри во воздухот.

Ибу е еден од најактивните вулкани во Индонезија, со 21.000 ерупции регистрирани минатата недела.

Официјален претставник на геолошката агенција изјавил дека Ибу имал во просек по 58 ерупции дневно во 2023 година.

Индонезија, која е голем архипелаг, има честа сеизмичка и вулканска активност поради нејзината локација на Огнениот прстен на Пацификот.

Минатиот месец вулканот Руанг на северот на провинцијата Челеб еруптираше повеќе од шест пати, принудувајќи ги жителите од околните острови да бидат евакуирани. Околу 800 жители на островот Руанг мораа трајно да се преселат.

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тел Авив: Толпата побара оставка од Нетанјаху

Во лавини во Швајцарија за време на зимската сезона загинаа 23 лица

Зеленски ги покани светските лидери да учествуваат на мировниот самит во Швајцарија