Утрински Весник
Економија

Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16% во однос на одлуката од 6.2.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16% во однос на одлуката од 6.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,271%, кај дизелот за 4,708%, кај екстра лесното масло за 4,532%  и кај мазутот за 0,836%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,104%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС  не се менуваат.

Од 9.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95      82,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98      84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        76,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС               41,411 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.2.2023 година.

Можете да прочитате

Димитриеска Кочоска: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми растот на економија

Аеродромот во Скопје и покрај проблемите кои ги има „Визер“ таргетира рекорден превоз на патници

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува – 24info.mk