Утрински Весник
Македонија

Нова 148. собраниска седница, треба да бидат донесени законите за нефер трговски практики, и за конфискуван имот

Sobranie.webp.webp

Собранието денеска треба да ја започне новата 148. седница, а најавено е и продолжување на 140-та, 138-та и 135-та пленарна седница. 

На 148-та седница се очекува да бидат донесени предлог на законите за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, за Канцеларија за поврат на имот,  Дополнетиот предлог на закон за правда за децата, Предлог на закон за финансиски инструменти и Предлог на закон за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност.

За дневниот ред се предложени и Предлог на закон за ратификација на Деветтиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, Десеттиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз и Единаесеттиот дополнителен протокол на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, Предлог на Закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи, Предлог на автентично толкување на членот 70 став (3) од Законот за градежно земјиште, Предлог на закон за дополнување на Законот за научно-истражувачката дејност, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, во прво читање, Предлог на одлука за одобрување на Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2024 година со дополнување на средства, како и неколку годишни извештаи.

Се очекува пратениците да гласаат за закони за кои веќе е завршена расправата. На 140-та седница на дневен ред се, меѓу другите, Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија), Предлог на закон за изменување на Законот за судска служба, Предлог на закон за изменување на Законот за јавнообвинителска служба, Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост и Европската банка за обнова и развој, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија за науките и уметностите, Предлог на закон за изменување на Законот за шумите, Предлог на закон за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај,
Предлог на закон за изменување на Законот за урбанистичко планирање и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, сите по скратена постапка.

На продолжението на 135-та седница се, меѓу другото, Предлог на закон за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, по скратена постапка.

На 138. седница на дневен ред се повеќе закони, меѓу кои и некои за кои се очекува само да се гласа.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?