Утрински Весник
Спорт

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

20251118074849 big 730x400 17.webp.webp

Кошаркарите на Орландо остварија победа во еден од најнеизвесните дуел одиграни ноќеска во НБА лигата и го совладаа Денвер со 127:126. На гостинската екипа не им помогна и новиот трипл-дабл на Никола Јокиќ вкупно 180-ти во кариерата или 16 сезони. Српскиот репрезентативец дуелот го заврши со 34 поени, 21 скок и 12 асистенции.

Екипата на Денвер имаше висока предност во текот на дуелот, но не успеа да ја зачува, па така го доживеа третиот пораз на последните пет натпревари.

Кај победничката екипа Ентони Блек со 38 поени беше најефикасен.

Резултати на ноќешните натпревари: Сакраменто – Далас 113:107, Орландо – Денвер 127:126, Њу Орлеанс – Феникс 123:114, Атланта – Њујорк 125:128, Мајами – Индијана 142:116, Чикаго – Милвоки 103:112, Хјустон – Кливленд 117:100, Минесота – Бруклин 123:107 и Сан Антонио – Јута 114:127.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука