Американскиот пливач Боби Финке е нов олимписки шампион на 1.500 метри со нов светски рекорд од 14:30.67.
Тој го собори рекордот на кинезот Сун Јанг од Олимпијадата во 2012-тата година во Лондон, кога исплива 14:31.02.
На завршниот ден од пливачките дисциплини во Париз се одржа и финалето на 50 метри слободен стил во женска конкуренција. Најбрза беше швеѓанката Сара Шестрем со време од 23.71, што беше за 26 стотинки побрзо од Мег Харис од Австралија.