Утрински Весник
Скопје

Нов паркинг во Кисела Вода

001.jpg
Screenshot

Нов паркинг простор е во завршна фаза во населбата Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид на улицата “Козјак”, каде на 400 квадратни метри се обезбедуваат нови 25 паркинг места. Со ова, бројот на новоизградени паркинг места за овие две и пол години се искачува на околу 1400.

Pet Utrinski

– Продолжуваме да работиме со силно темпо грижејќи се нашите жители да имаат што подобри услови во секој сегмент од нивните животи. Решавањето на проблемот со недостиг од паркинг места со кои се соочувавме со години наназад е поставен високо во моите приоритети, а дека е така говори тоа што, иако во мојата програма имав ветено 1000 нови паркинг места, веќе ја достигнавме бројката од 1400 и тоа само за две и пол години. Новиот паркинг на улицата “Козјак” во населбата Кисела Вода нуди можност за уште 25 паркинг места. Просторот се протега на околу 400 квадратни метри, поплочен е со павер елементи и секако ќе придонесе во безбедноста и удобноста на сообраќајот во мирување. Секако, вакви градежни активности во периодот што следи ќе имаме и во сите останати месни и урбани заедници, на што веќе интензивно работиме-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Можете да прочитате

Стопанска Триоги триатлон во Скопје, посебен режим на сообраќајот

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош