Утрински Весник
Магазин

Нов лек за мамурност и пијанство

D0bfd0b8d0b2d0bed182d0be D0bfd0bed0b7d0b8d182d0b8d0b2d0bdd0be D0b2d0bbd0b8d198d0b0d0b5 D0bdd0b0 D187d0bed0b2d0b5d0bad0bed0b2d0bed182 63d2e5d1a70af.jpeg

Кога се говори за „превенција и третман“ на пијанството и мамурноста, постојат многу идеи, совети, „лекови“… Нo, сѐ тоа, сепак, доста често завршува „со главата под перница“ и реченицата „Никогаш повеќе“!

Затоа, научниците од швајцарскиот универзитетски Федерален институт за технологија во Цирих тврдат дека сега го нашле вистинскиот лек. Станува збор за „хидрогел“ којшто „може да ги намали штетните и опојни ефекти на алкохолот“, велат стручњаците. Овој гел е базиран и развиен на протеини, и е тестиран на глувци. Според наводите, гелот го претвора алкохолот во телото во „безопасна оцетна киселина“, како што вели професорот Рафаеле Мезенга.

– Не само што гелот ќе го спречи влегувањето алкохол во крвотокот, туку го префрла разградувањето на алкохолот од црниот дроб во дигестивниот тракт. За разлика од процесот на метаболизирање алкохол во црниот дроб, штетниот ацеталдехид тука не се јавува како производ од тој процес, појасни Мезенга.

Кај глувците-заморчиња, гелот довел до намалување на алкохолот во крвта за 50 отсто. Овие резултати го убедиле тимот научници дека ќе делува и кај луѓето, иако се признава дека ќе бидат потребни повеќе тестови за усовршување на ова средство против пијанство и мамурност. 

Можете да прочитате

Илон Маск за церемонијата на отворање на Олимпијадата: Беше крајно непочитување кон христијаните

Селин Дион со историски настап ги расплака сите на отворањето на Олимписките игри во Париз

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат