Утрински Весник
Свет

Нов инцидент меѓу Кина и Филипините во Јужното Кинеско Море

20240430082619 Big 730x400 5.webp.webp

Филипините денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража за употреба на водени топови против два филипински брода и блокирање на пристап до спорниот гребен во Јужното Кинеско Море, а Пекинг потврди дека „одбил“ чамци од островот.

– Кинеската крајбрежна стража повторно постави пловечка бариера од 380 метри, со што го ограничи пристапот до областа на гребенот Скарборо, се вели во соопштението на филипинската крајбрежна стража.

Кина постави слична пловечка бариера на таа локација во септември 2023 година, која беше демонтирана неколку дена подоцна од страна на филипинската крајбрежна стража.

– На 30 април кинеската крајбрежна стража, во согласност со законот, одби филипински бродови кои влегоа во водите кај островот Хуангјан, се вели во соопштението на кинеските власти.

Гребенот Скарборо се наоѓа на 240 километри западно од главниот филипински остров Лузон и речиси 900 километри од кинескиот остров Хаинан, јужно од брегот на Кина, која полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата