Утрински Весник
Македонија

Нов договор нема да има, порача Ковачевски по средбата со Ескобар

Нов договор нема да има, порача Ковачевски по средбата со Ескобар

„САД биле, се и ќе бидат во текот на сите клучни процеси за демократски напредок на државата од независноста до денес и се поддржувачи на остварувањето на целите НАТО и ЕУ“, истакна премиерот Димитар Ковачевски по средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

dobivaj vesti na viber

„Нов договор нема да има“, порача Ковачевски појаснувајќи дека со веќе постојната преговарачка рамка имаме целосна заштита на македонскиот идентитет и јазик. Билатералните односи со Бугарија нема да влијаат на процесот на европската евроинтеграција“, рече Ковачевски.

И одговори на опозицијата во врска со изјавите дека Владата коленичи пред странски дипломати за да вршат притисок за гласање на уставните измени.

„Тоа не е точно“, нагласи Ковачевски потенцирајќи дека САД биле, се, и ќе бидат со нас во текот на сите клучни процеси.

„Со Ескобар разговаравме за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот евроинтеграциски пат, за успешниот тек на скрининг-процесот и процесот за почнување на уставните измени, кои, покрај ЕУ, и САД го сметаат за клучен и важен чекор во обезбедување на европска иднина и продолжува со евроинтеграциите“, посочи тој.

Можете да прочитате

(Видео) Верниците го дочекаа Велигден во Охрид

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД