Утрински Весник
Свет

Норвешка усвои нов пакет санкции против Русија

Норвешка усвои нов пакет санкции против Русија

Норвешка усвои нов пакет санкции против Русија, во кој се вклучени 30 руски државјани и седум организации, соопшти денеска прес-службата на норвешката влада.

dobivaj vesti na viber

„Норвешка уште еднаш стои со ЕУ по прашањето за санкциите против Русија, со цел да се одржи притисокот врз владата на таа земја и нејзините поддржувачи“, изјави министерката за надворешни работи Аникен Хјутфелт, пренесе ТАСС.

Норвешката влада оцени дека санкции, кога станува збор за поединци, се воведени за организаторите на референдумот во самопрогласените републики Доњецк и Луганск, како и во регионите Керсон и Запорожје.

Можете да прочитате

Над 200 потреси по силниот земјотрес во Турција

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)