Утрински Весник
Свет

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Norveska.jpg

Норвешка планира во фискалната 2027 година да обезбеди нова финансиска поддршка за Украина во износ од 85 милијарди норвешки круни (9,2 милијарди долари), исто колку и во тековната фискална 2026 година, соопшти норвешката Влада.

Норвешка е меѓу најголемите поддржувачи на Украина, заедно со останатите скандинавски и прибалтички земји. Владата на премиерот, Јонас Гар Стере, изработи долгорочен план за помош на Киев, поддржан од сите партии во норвешкиот Парламент.

Вкупната помош што Норвешка планира да ја обезбеди за Украина во периодот 2023-2030 година изнесува 274,5 милијарди круни, односно околу 30 милијарди долари.

Со тоа Норвешка е меѓу најголемите донатори на Украина по глава на жител.

Можете да прочитате

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната

Силни бури го погодија Балтикот, две лица загинаа во Литванија и Латвија