Утрински Весник
Македонија

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје

Avtopat Skopje Tetovo.jpg

Сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, кај село Желино, е нормализиран попладнево од 17 часот, по прекинот поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Од АМСМ претходно соопштија дека има прекин на сообраќајот од 14:45 часот, а како што информираа од СВР Тетово во сообраќајката полесно се повредени две лица.


Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираше дека поради сообраќајна несреќа, во прекин е сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, во близина на селото Желино,

АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни и да користат алтернативни правци додека трае расчистувањето на местото на несреќата.

Можете да прочитате

Мајка на загинато момче од „Пулс“ го обвини сведокот за лажен исказ

Две лица осомничени за злоупотреба на лични податоци и финансиска измама

Средба на министерот Муцунски со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати