Утрински Весник
Свет

Ноќта пред трагедијата Коста бил на роденден со соучениците

Ноќта пред трагедијата Коста бил на роденден со соучениците

Соседите од зградата во која живее Коста К.(13), момчето кое вчера уби осум училишни другари и член на обезбедувањето, а повреди шест ученици и професор по историја, се’ уште се во голем шок, немаат сили да коментар за вчерашната трагедија.

dobivaj vesti na viber

Како што вели еден сосед, таткото на момчето секогаш бил тука за сите во зградата кога им била потребна помош – како лекар, но и како сосед.

Исто така, момчето често помагало, им носело храна на соседите.

Меѓутоа, она што сите ги изненадува е тоа што таткото на момчето имал толку многу оружје во станот.

„Кога полицијата ги вадеше работите од станот, велат дека е пронајдено повеќе оружје. Во 2016 година поднел барање за оружје и претпоставувам оттогаш почнал да го собира, којзнае што му искочило во глава“, вели еден сосед.

За Коста зборуваат како повлечено и срамежливо момче.

„Секогаш со нив имаше само жена која ги чуваше, искрено никогаш не го видов со друштво. Но, знам дека ноќта пред трагедијата, тој беше на роденден со својот клас, оние што ги застрела. Имаше и едно девојче што му се допаѓало и него го застрела“, раскажува шокирана соседка, пишува „Нова.рс“.

Раскажуваа за таткото на Коста. Неговите роднини се успешни спортисти и писатели и тој е почитуван лекар, велат тие. Сепак, никој не знаел дека оди на стрелиште.

„Толку пати разговаравме и се гледавме. Никогаш не спомена дека има пиштол, ниту дека оди на стрелиште. Не знам ни дали сега ќе сноси одговорност, Коста ќе треба да излезе надвор, што да правиме ако го видиме тука… Сигурно некое семејство ќе сака да се одмазди“, вели еден сосед.

Соседите во разговор за „Блиц“ велат дека семејството ќе мора да се исели.

Велат дека таткото и мајката на Коста работат во здравството и се познати како добро воспитани и љубезни луѓе. Помалата сестра на Коста сега е некаде со нејзината мајка.

„Никогаш немаше никаков проблем со нив, освен што таткото се бунеше кога требаше да се отвори православниот центар во зградата, беше отворен на истиот кат каде што се тие, зависниците одат таму на советување. Тој се побуни и протестираше дури и пред патријархот. Се плашеше какви луѓе ќе влезат во зградата, бидејќи е советувалиште за зависници од алкохол и дрога“, вели еден сосед.

Илјадници граѓани ширум Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ужице.

 

Можете да прочитате

Убиен контраразузнавач на ФСБ – 24info.mk

Републиканците во Претставничкиот дом подготвија предлог-закон за купување на Гренланд

Трамп најавува дека ќе формира „Служба за надворешни приходи“ за тарифи