Утрински Весник
Македонија

Ноќните клубови во Скопје под клуч, дури и двата кои имаат лиценци

991 Ratio Diskoteka.jpg

Катанец на врата. Ниту една дискотека во Скопје не работи. Ноќниот живот целосно згасна по трагедијата во Кочани. ТВ Алфа направи обиколка на повеќе локации, а сликата секаде иста – затворени врати и по некое светло кое ѕирка од внатре. Пјур, Маракана, Привилиџ, Мусандра се дел од местата кои се затворени што е и очекувано зашто по пожарот во Пулс се испостави дека воопшто и немале лиценци.

Но, дури и оние со дозвола не работат. Станица 26 и 12, 12 се единствените кои на територијата на главниот град ги имале сите потребни документи – ги добиле на 29.01.2025 и важат до 29.01.2026. Датумите се исти поради тоа што газдата на двата клуба е ист. Вели дека било несоодветно време да се работи во услови на национална тага.


„Клубовите „Станица 26“ и „12:12“ се секогаш отворени за соработка со државните институции во поглед на сите неопходни прашања поврзани со функционирањето. Дополнуваме дека дополнително ќе одлучиме кога ќе отвориме за јавноста, но секако не пред да поминат 40 дена од трагедијата која ја потресе државата“ велат од „Станица 26“ и „12:12“

Останатите клубови и кабареа дефинитивно ќе останат затворени додека не ги добијат соодвените лиценци.

По длабинските проверки што беа направени се утврди дека на ниво на целата држава само 23 клубови имаат валидини документи. Се прават и дополнителни контроли дали ги исполнуваат и потребните технички услови.

И пред ова, Скопје не можеше да се пофали со кој знае каков ноќен живот. Некои претходни генерации паметат дека метрополата некогаш важеше за најзабавен град во регионот, но сега заостанува зад сите други.

Во отсуство на дискотеки и клубови единствени места за забава кои остануваат се кафулињата и кафеаните кои работат само до 1 часот по полноќ, но за жал и казината кои работат неограничено, а ги има речиси во секое маало.

Превземено од Алфа телевизија

Можете да прочитате

За викендот рекордни над 11.000 патници на ГП „Блато“

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА ДО ПЕТОК: Нестабилно со локални врнежи и грмежи!

Утковски оддава почит: Срце со мотив од македонското знаме и 62 ружи за секој згаснат живот во трагедијата во Кочани