Утрински Весник
Економија

НЛБ Банка со појаснување: Еднократен надомест од 20 денари месечно за целиот Light пакет

Img 8152.jpeg

По објавениот текст со наслов “Ќе плаќате и за увид во сопствените пари – НЛБ Банка воведува нови повисоки трошоци за клиентите”, од НЛБ Банка вечерва преку допис се огласија со дообјаснување и истиот интегрално ви го пренесуваме во продолжение.


Во врска со објавениот текст кој се однесува на новиот Тарифник на НЛБ Банка кој стапува на важност од 23 јуни годинава, поконкретно на воведувањето паричен надоместок за користење на мКлик, би сакале да ја коригираме објавената информација во вашиот медиум соодветно, со единствена цел точна информираност на нашите клиенти.


Имено, Банката воведува еднократен надомест од 20 денари месечно за користење на Light пакетот, кој опфаќа дебитна картичка и НЛБ мKлик, со увид во состојба на сите сметки. Овој износ се однесува на целиот пакет и нема да се наплаќа поединечно секој преглед на состојба на сметките, како што беше наведено.

Банката континуирано вложува во развој, безбедност и одржување на дигиталните услуги, со цел да обезбеди сигурно, брзо и супериорно клиентско искуство.

Инвестициите на Банката во дигитализација им овозможуваат на клиентите напредни алатки кои им заштедуваат време, им го олеснуваат секојдневието и управувањето со нивните финансии преку користење на најсовремени технолошки решенија со високо ниво на безбедност”, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Сериозен удар врз паричникот: Каде во Европа ќе биде најтешко да се биде потстанар во 2026 година?

Мицкоски: Според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови 

Славески на средба со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли: Потврдена силна поддршка за независноста на централните банки и засилена внимателност во услови на глобални ризици