
Во пресрет на покренување на обвиненија за пожарот во Кочани и почеток на судскиот процес. Претседателот на основниот суд Кочани веќе побара од судски да се делигираат двајца судии од другите основни судии за да помогнат во работата на кочанскиот суд кој ќе се соочи со еден од наголемите судски процеси.
На седницата на судски совет, судијата известител Исамедин Лимани појасни дека досега за случајот, во предистрагата, постапувале само двајца судии од кои едниот е и претсеседателот на кочанскиот основен суд.
Членот на судски совет Весна Дамева изјави дека треба да се даде подршка на колегите од Кочани, но предочи дека со преносочување на судиите, матичните судови ќе останат без кадар.
Судски совет ја избра судијката од велешкиот основен суд Емине Калач во наредните два месеца да работи во кочансиот.
Поради извесната обемност на судскиот процес за Кочани, не е исклучено пренасочување и на други судии од други градови зависно од потребите и недостигот на судии. До средината на јуни пак треба да биде готов обвинителниот акт за пожарот во Кочани. Досега се обвинети околу 70 – тина лица, ова е еден од најобемните случаи досега, дел од експертската јаност смета дека правдата мора да дојде до оние кои се највиновни и за постапување, но и за непостапување во случајот
Извор: 24.mk