Утрински Весник
Македонија

Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација, изјави директорот на болницата

Pirogov Bolnica.png

Сите осум пациенти кои се тешко повредени во пожарот во дискотека во Кочани, Северна Македонија, хоспитализирани во болницата Пирогов, веќе се екстубаирани. Ниту еден од пациентите не е на механичка вентилација, дел од нив користат маска за кислород, изјави за телевизија Нова директорот на болницата д-р Валентин Димитров.

– При таквиот вид повреди кои ги зафаќаат горните и долните дишни патишта, бидејќи вдишувале отровни гасови, бактерии, прашина, чад – ова е амалгам на штетни материи и тоа станува средина за развој на инфекции, објасни Димитров.


Нашата желба е што побрзо да им помогнеме на овие луѓе и да се вратат кај семејствата, но не можеме да кажеме колку долго ќе трае нивното лекување, додаде тој.

Можете да прочитате

Се одржа уште еден марш на ангелите во Кочани за помош на семејствата на жртвите и повредените во пожарот

УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст

Азир Алиу објави дека останува во ВРЕДИ