Утрински Весник
Свет

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа

Nisan avtomobil proizvodstvo fabrika.jpg

На годишното општо собрание во Јокохама, акционерите на Нисан го изразија своето незадоволство од Управниот одбор поради длабоката криза во која се наоѓа јапонскиот производител на автомобили.

Ова беше прво собрание со новиот директор Иван Еспиноза, кој го замени Макото Учида во април.


Акционерите остро го критикуваа падот на вредноста на акциите за околу 36 проценти во последната година, како и прекинот на исплатата на дивиденди.

Нисан забележа загуба од 4,5 милијарди долари во последната фискална година, а за првиот квартал од оваа година предвидува загуба од 200 милијарди јени (1,38 милијарди долари).

Еспиноза презентираше план за драстични намалувања, вклучувајќи затворање на седум фабрики и отпуштање на 20.000 работници, што е околу 15 проценти од вкупната работна сила.

Планот предизвика незадоволство кај акционерите кои го обвинија менаџментот дека го префрла товарот на кризата врз работниците, додека тие самите ги задржаа своите позиции. Беа побарани промени во одборот на директори со цел да се врати довербата на акционерите и вработените.

Суспензијата на дивидендата беше исто така критикувана. Кризата на „Нисан“ го одразува поширокиот притисок врз јапонските компании да го решат проблемот со структурите „матична компанија-подружница“, каде што матичните компании имаат значителни удели во подружниците, што се смета за неправедно кон малцинските акционери и го ослабува корпоративното управување.

Можете да прочитате

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин

Папата Лав Четиринаесети ги повика Иран и Израел на дијалог и мир