Утрински Весник
Магазин

Нина Кравиц, „Лајбах“ и Констракта направија шоу во Скопје – дождот ја разубави атмосферата

Нина Кравиц,  „Лајбах“ и Констракта направија шоу во Скопје – дождот ја разубави атмосферата

Со настапите на „Лајбах“ и руската техно ѕвезда Нина Кравиц вчеравечер на стадионот на АРМ во Градски парк се отвори фестивалот Скопје колинг. И овој пат на фестивалот за сите генерации се собра многубројната публика која уживаше во музичко-визуелното шоу на словенечкиот бенд и на руската техно ѕвезда.

dobivaj vesti na viber

Постојана интеракција со публиката, овации, журка, пиво, вистинска атмосфера во светски стил. Ниту летниот дожд кој вечра врнеше не направи проблем и можеби само дополнително ја разубави атмосферата на стадионот.

Па така „Лајбах“ под дожд изгледаше магично, а настап имаа и Констракта, „Ниплпипл“, „Буч Кесиди. Руската техно ѕвезда ги собра сите овации и ја вжешти атмосферата.

Организатори се „Авалон“ продукција кои појаснија зошто оваа година нема да настапи ниеден домашен бенд.

„Прво сакавме да правиме дводневен фестивал, но немаше можност изведувачите да се поделат во два дела. Кога се одлучивме за еден ден, овие учесници веќе беа букирани за петок и немаше каде да се вметне уште некој во периодот од 21 до четири часот“, кажа Бобан Милошески.

А.Георгиев

 

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца