Утрински Весник
Македонија

Николовски: Субвенциите за оризот ги зголемивме за 300% споредбено со 2016 година

Nikolovski.webp.webp

Во интервју за Слободен печат, министерот за земјоделство Љупчо Николовски истакна дека за разлика од пред неколку години, сега субвенциите за сите категории земјоделски производи сериозно се зголемени.

„Субвенциите за ориз во 2016 година и до 2016 година по хетар беа 6.000 денари, денес субвенциите за ориз по хектар се минимум 18.000 денари што значи 300% се зголемени, а достигнуваат доколку користат семенски материјал дури и до 25.000 денарари. Тоа е од 300% до 400% зголемување. Откупната цена беше 11 и 17 денари на оризовата арпа, денес е над 40 денари оризот што се откупува. Имаме низа на мерки преку програмата за рурален развој. Во кочанско може да видите голем број на специјализирани комбајни за ориз, специјализирани сушари итн. Институтот за ориз беше една зграда која беше заборавена во која никој нема влезено, денес таму работат млади инженери, агрономи, посветени луѓе и го издигнавме и институтот. Оризот е значајно извозно ориентирана култура која што е и наша традиција и која треба да ја чуваме“ рече тој.

Николовски потсети дека од 2023 година, за првпат започна авансна исплата на субвенциите, со што, како што додаде, сега земјоделците парите ги добиваат тогаш кохга им се најпотребни.

Можете да прочитате

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!