Почитувани граѓани,
Денес се радувам и горд сум што Крива Паланка и североистокот го добиваат најголемиот и најважен капитален проект за овој регион од независноста до денес, порача во изјава за медиумите, пратеникот на СДСМ од Крива Паланка, Љупчо Николовски
Како што истакна тој, изградбата на новиот и модерен експресен пат што ја поврзува и ја развива економски Крива Паланка за него значи лично исполнување на јасната визија и на најголемата обврска кон неговите сограѓани и идните генерации.
„Заедно со моите колеги од Владата на СДСМ, имавме јасна визија и цел и уште од првиот ден работевме да обезбедиме историска поддршка од државата на овој со децении речиси заборавен регион. Да се грижиме за сите граѓани да го добијат тоа што го заслужуваат. И сметам дека успеавме во тоа.
Обезбедивме поддршка за големи проекти, за нов експресен пат од ококлу 100 милиони евра со над 90% реализација до крајот на нашиот мандат, за комплетно ново поврзување од Крива Паланка до Деве Баир, од Страцин до Куманово и до Скопје, за обнова на сите регионални правци, за бројни инвестиции во училишта, градинки, плоштади, системи за наводнување, водоводи, спортски терени речни корита, домови….
Од битките за сите проекти во Владата, оваа за изградба на нов и модерен експресен пат за мене беше најбитна, најголема и успешна. Проектот стана врвен приоритет на Владата од самиот почеток и веќе во 2018 ја започнавме изградбата на истиот. Упатувам благодарност до сите што ја дадоа поддршката и се вложија во реализација на овој битен инфраструктурен проект и со среќа на сите граѓани за овој успех и да посакам да се радуваме сите заедно на уште поголеми дела и проекти за развој на Крива Паланка и на македонскиот исток“ порача Николовски.