Утрински Весник
Македонија

Николовски од Тирана: Ги унапредуваме капацитетите за брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми и фаќање на криминалците

254.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Се зајакнуваат капацитетите и надлежностите на Граничната меѓуагенциска единица на царинските и полициските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при што единицата ќе делува и на аеродромот во Охрид. Борбата со организираниот криминал бара ефикасен и брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми во Југоисточна Европа. Ние мора да возвратиме посилно и со здружени сили кон секој обид за криминал”, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски на првиот регионален состанок на Управувачкиот комитет за Фаза 2 на „Програмата за промовирање на владеење на правотo и добро владеење, преку спроведување на мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми за Југоисточна Европа”, како заедничка активност на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, што се одржува во Тирана. На настанот присуствуваше и заменик директорот Гарип Каба.

На овој прв регионален состанок учествуваа директори на царински управи и гранични полиции на земји од Југоисточна Европа, претставници на Европската Комисија, Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и Светската царинска организација. Истиот се организира под покровителство на ЕУ, СЦО, УНОДЦ.

„Граничните меѓуагенциски единици добиваат и разменуваат разузнавачки информации во реално време, што резултира со ефикасни акции и фаќање на сторителите. Истовремено, соработката на меѓународно ниво и поддршката која ја добиваме од ЕУ, Канцеларијата на Обединетите нации, Светската царинска организација, Интерпол и други организации, допринесува кон заедничка и систематска борба против организираниот криминал и подобрување на безбедноста на глобално ниво”, истакна Николовски.

Целта на Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН е сузбивање на организираниот криминал и криумчарење на забранети супстанци како и спречување тероризам преку ефективен и координиран одговор на царинските и полициските службеници преку воспоставување единици на граничните премини на меѓународните аеродроми и пристаништата во Југоисточна Европа.

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња