Утрински Весник
Економија

Николовски: Македонското земјоделство е успешен модел и пример за искористување на европските пари

Nikolovski.png

Македонското земјоделство покажа дека е подготвено да ги апсорбира парите од европските фондови без кои нема модернизација и развој. Станавме пример и успешен модел што сакаат да го следат земјите во регионот. Тие прашуваат за нашите политики, прашуваат што сме направиле, за тоа да биде поприменето кај нив, рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ што се одржува утрово во рамки на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој ја оцени изминатата година како исклучително успешна, а за оваа најави низа проекти. Меѓу приоритетите, истакна, ќе биде државата да има што повеќе мали производители на храна, а фокусот, како што дополни, ќе се стави на финалните производи.

-Во 2023 година докажавме дека најголем дел од економијата базира на земјоделството. Немавме ниту еден протест, но најважно мерило беа политиките и програмите. Македонското земјоделство е успешен модел  како може да се користат европските пари. Покажавме дека можеме да бидеме пример во однос на ИПАРД. Ако во ИПАРД 1 искористивме 10 отсто од вкупните средства и вративме 55 милиони евра во европската каса, овие пет години, од 2017-ма до крајот на 2023-та, вративме нула евра во европската каса. Имаме рекорден број догооври, 2 400, над 2 200 договори се исплатени, а инвестициите се реализирани. Нема напред, нема модернизација и развој без европските средства, но нам ни требаат една милијарда, многу финансии и затоа сме прва земја што го почна ИПАРД 3, ниту една друга земја лани не ја почна оваа Програма. Повторно имаме рекорден број барања и за двете мерки, над 1 100 апликации, близу 100 милиони евра се бараат, рече Николовски.

По него на панелот, зборуваше министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, а учествуваат и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, како и Елена Младеновска Јеленковиќ од „Вина за Македонија“. 

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година