Утрински Весник
Македонија

Николовски ги посети Здравче, Павел и Илчо кои се вредни земјоделци од Свети Николе

Img 2012.jpeg

Денес министерот Николовски ги посети Здравче, Павел и Илчо кои се вредни земјоделци од Свети Николе, сите добитници на трактори преку Програмата за рурален развој напиша Николовски. 

Минатата година доделивме 730 решенија за набавка на трактори, поддршка вредна 500 милиони денари, кофинансирајќи од 50 % до 70% во зависност од вкупната вредност. Креираме мерки во интерес на сите земјоделци. Преку програмата за рурален развој и оваа година даваме поддршка на земјоделците и во набавка на комбајни за жито и набавка на трактори. 

Секоја педа обработлива земјоделска површина ја ставаме на располагање. Само изминатите две години сме ставиле 17.956 хектари државно земјоделско земјиште на располагање. 

Тоа најдобро може да го потврдат земјоделците од светиниколско. 

Оваа 2024 година сите земјоделци како што ветивме добиваат 100% зелена нафта. Имаме поставено јасни цели креираме конкретни мерки и политики за поддршка на земјоделците, кои несомнено даваат резултати.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор