Утрински Весник
Македонија

Николовска, Стојановски и Андонов се кандидати за пратеници на местото на Стаменковска, Мицевски и Проданоски

20251103153320 big 730x400 32.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница.

Како што образложи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат Стаменковска Трајковска, Мицевски и Проданоски.

Пред Стојановски на листата за пратеници од коалицијата е Игор Никовски, но Никовски ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот поради што Стојановски доаѓа на неговото место.

За новите тројца пратеници ДИК, рече Кондарко, веднаш ќе го информира Собранието.

Претходно денеска, на седница, Собранието констатира дека на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанаа мандатите за пратеници.

-ДИК констатира дека пратеници во Собранието за остатокот од мандатот ќе бидат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов, првите двајца за Изборната единица 1, а Андонов за Изборната единица 4 – истакна Кондарко и дополни дека според процедурата, ДИК на избраните пратеници ќе им издаде уверение, а Собранието потоа треба да ги верификува нивните мандати.

Пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска е избрана за градоначалник на Кисела Вода, пратеникот Јане Мицевски за градоначалник на Сопиште, а Дејан Проданоски за градоначалник на Прилеп.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари