Утрински Весник
Економија

Николоски: Зошто власта набавува гас по 40% повисока цена од берзанската и зошто во РЕК Битола на тендерите секогаш има еден понудувач?

Николоски: Зошто власта набавува гас по 40% повисока цена од берзанската и зошто во РЕК Битола на тендерите секогаш има еден понудувач?
Ss2

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во Битола изјави дека енергетската состојба во државата ја следи незнаење од една страна и од друга страна голем криминал и корупција. Тој објави две големи теми – едната е набавката на гас по 40%, најмалку, повисока цена од берзанската цена и втора, зошто во РЕК Битола секогаш има по еден понудувач.

dobivaj vesti na viber

Николоски посочи дека доволни се овие две теми денес да се отворат и да се дадат одговори, како и одговорност која што подолг временски период не ја гледаме, а како што рече, тука одговорноста е на највисоко ниво, затоа што со одлуки на оваа Влада, практично одлуките се одземени од РЕК Битола, и набавките се прават директно од централата, односно се прават од ЕЛЕМ, односно владата затоа што раководството на ЕЛЕМ е назначено директно од владата.

Ss1

„ Се работи за еден огромен скандал. За жал во енергетиката има само скандали. Имено, ЕЛЕМ, односно ЕСМ потпиша договор со сомнителни фирми од Бугарија за набавка на гас по фиксна цена од 99 евра за мегават час, иако денес доколку ја отворите Купекс како релевантна берза за цела Југоисточна Европа ќе видите дека цената е 59 евра. Што значи дека само денес разликата е околу 40 евра по мегават час, или преведено во проценти, над 40% е разликата помеѓу тоа по кое набавува државата и се трошат народните пари, и она што е денес цена на берзата, рече Николоски.

Тој посочи дека се работи за огромни екстра профити на овие сомнителни компании од Бугарија, што отвора сериозен сомнеж за криминал и корупција.

„ Така што би сакал да го повикам овдека целиот менаџмент на ЕЛЕМ, како и владата и министерот за економија Крешник Бектеши, премиерот Димитар Ковчевски да дадат одговор и да понесат одговорност за ова ненаменско трошење на пари коешто во месец јануари достигна над милион евра повеќе од тоа што беше на берза, а за февруари веројатно ќе е 2 до 2,5 пати повеќе од она што е берзанска цена и да дадат одговори каде одат овие средства, истакна Николоски.

Тој праша како е возможно на скоро секој тендер што го објавува ЕЛЕМ во РЕК Битола да има само по еден понудувач.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk