Утрински Весник
Македонија

Николоски: Започнуваме со реконструкција на Воена болница и изградба на нова терминална зграда на охридскиот аеродром, проекти вредни 14,7 милиони евра 

Img 6b6e5c17b8f2881b3edad0abea61c437 V.jpg

Го означуваме почеток на два големи проекти, едниот е реконструкција на Воена болница во вредност од 12 милиони евра и изградба на нова административна зграда со проширување на просторот за патници во вредност од 2,7 милиони евра или вкупно 14,7 милиони евра за овие многу значајни капитални проекти, истакна денеска на прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција на хирушкиот дел, седум операциони сали, просторот за интензивна, реконструкција на лабаратории, централно мониторирање, лифтови, кровот и системот за греење и ладење. Ова како што истакна вицепрмеиерт ќе помогне во подигнување на квалитетот на услови за пациентите.


” Проектот предвидува реконструцкија на хирушкиот дел во вкупна површина од 2000 м2, седум операциони сали од кои што две ќе бидат за абдоменална хирургија, две ќе бидат за уролошки интервенции, една за уво, нос и грло и една за очна хирургија и она што за прв пат се воведува е роботска хирургија, нешто што сме го гледале во странство досега.  Понатаму, интензивна нега на површина од 500 м2, предвидени се 7 целосно оперемени боксови за пациенти со најсовремени кревети линиски поставени со централно мониторирање од страна на медицинскиот персонал, придружни простории од 800 м2, стерилизација и биохемиска лабораторија на површина од 100 м2, микробиолошка лабораторија од 80м2, лабораторија за патологија што многу ќе им помогне на онколошките пациенти и трансфузиолошка медицина. Тука спаѓа и саниција на кровот како и поставување на ефикасен систем на греење и ладење, реконструкција на лифтовите, што се заедно треба да не донесе во ситуација некаде крајот на октомври да имаме целосна реконструирана болница 8 Септември што ќе е од голем бенефт за граѓаните”-истакна вицепремиерот Николоски.

Во однос на проектот за аеродромот во Охрид, тој најави  нова терминална зграда.

” Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250м2, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2000 м2 на двете нивоа. И сето ова ќе значи прво реконструирање на аеродромот од неговата изградба. Ова ќе значи подобри услови за патниците и секако многу повеќе патници и до март 2026 година очекувам да се заврши овој проект” -истакна вицепремиерот Николоски. 

Реализацијата на двата проекти се дел од договорот со ТАВ, додаде вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

Најавена изградба на нова терминална зграда и реконструкција на охридскиот аеродром

Заврши истрагата за злоупотребите на Клиниката за онкологија

Скандал во МВР: Четири службени лица пријавени за злоупотреба и финансиски штети!