Утрински Весник
Македонија

Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите

Nikoloski 1.jpg

Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на проектите, а од друга страна ќе го подигнат квалитетот на градежните компании во Македонија и ќе донесат нови знаења и искуства во земјава, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за МРТВ.

Тој најави дека во делот на изградба на брзата железница, ќе се добие техничка подршка од компанија од Велика Британија која го градела најсофистицираното дигитализирано метро во Лондон. 


“При секоја посета на Лондон многу разговарам во делот на техничката подршка, тоа е нешто што е многу значајно, нешто што значи искуство и знаење и за мене тоа е еднакво важно како и финансиската компонента. Во однос на железницата разговараме да добиеме техничка подршка од најсилната компанија во Велика Британија, се работи за “Crossrail”. Тоа е компанијата која ја изгради најновата и најдолгата линија во Лондон, првата дигитализирана метро линија во овој дел од светот, тоа е метролинијата “Елизабет” која е крстена по Кралицата Елизабета. Така што зборуваме за тој вид на експрети и зборуваме за проект од 20 милијарди фунти, значи само овој проект е 4 пати поскап од тоа што ние имаме како аранжман. Со тој профил на луѓе преговараме да дојдат да ни помогнат затоа што таквата помош е двонасочна. Едно е краткорочна, бидејќи имате сигурна и квалитетна реализација на проектот, а второ обучувате кадри за во иднина.  На Македонија и фалат добро обучени кадри со искуство. За жал заради годините на девастација би рекол и во децениите, во Македонија градежниот сектор скоро и да колабираше, голем број на фирми банкротираат и јас се надевам дека со ова ќе ги внесеме во фаза каде повторно ќе бидат меѓународно конкурентни какви што беа во едни претходни времиња и затоа овој аспект за пренесување на знаења е многу значаен”-истакна  вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Мимоза Муса останува во ВЛЕН – Таравари останува со уште еден пратеник помалку

Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим