Утрински Весник
Македонија

Николоски: Во Хрватска професионалните возачи ќе можат да добијат долгорочни визи

Nikoloski 1 1 1.jpg

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

“Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.


Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи.

Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава.

Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат.

Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи”- објави вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза

ЛДП: Експресни пријави за „шефот на елитата”, а правен систем за другите — утре сабајле!

Контролори за боледувањата ќе ѕвонат на врата, но смеат ли да влезат во домот?