Утрински Весник
Македонија

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери

29082024 Nikoloski 960x640 1.jpg

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Брисел оствари средби со бугарскиот министер за транспорт Гроздан Караџов, европскиот координатор Мариан-Жан Маринеску и директорот на Транспортната заедница Матеј Законшеќ. Разговорите беа фокусирани на регионалните инфраструктурни проекти и нивната улога во развојот на економијата.

Николоски информираше дека договорот потпишан на 6 ноември 2025 ќе биде наскоро ратификуван во Собранието. Тој најави дека железничките претпријатија на двете земји заеднички ќе подготват апликација за финансирање на проектот за тунелот и дека во декември или јануари се очекува објава на тендерот за третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија.

Утре, Николоски ќе учествува на Самитот на министрите за транспорт од Западен Балкан и ЕУ.

Можете да прочитате

Претреси кај судија од Апелациониот суд по наредба на Обвинителството

69-годишен маж почина од компликации од грип во Скопје

Студен бран ја зафаќа Македонија