Утрински Весник
Скопје

Николоски: Преку 6 милиони евра инвестираме во општина Кисела Вода во инфраструктура

1611.jpg

Еднаква грижа водиме за развој на сите општини низ државата. Само во Кисела Вода инвестираме преку 386 милиони денари за патишта и урбан развој, што е огромна поддршка за општината, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Кисела Вода.

Тој заедно со градоначалничката Бети Стаменковска извршија увид во реконструираната улица “Лазар Димитров” проект што се реализира преку Министерството за транспорт во износ од 3,6 милиони денари.


“Во oпштина Кисела Вода само преку Министерството за транспорт се реализираат проекти во вредност од 386 милиони денари или некаде околу 6 и пол милиони евра, што е една сериозна сума и една сериозна поддршка за општината. На тоа секако се надоврзува и буџетот кој што го има општината. Во изминатиов период се завршија уште пет улици, а додека вкупно доколку гледаме, во изминатиов период имаме преку 20 активни проекти.  Она што исто така можам да го кажам е дека во следниов период ќе продолжиме да ја поддржуваме општината, градоначалничката има тим и визија како да ја развива општината, така што еден урбан развој со поддршка од Градот, секако поддршка од Владата и од Министерството за транспорт, сум убеден дека ќе имаме уште повеќе резултати”- изјави заменик претседателот Николоски.  

Градоначалничката Бети Стаменковска истакна со поддршката што ја овозможува Владата како и со средства од буџетот на Општината, се реализираат проекти за поурбано и поквалитетно живеење во општината.

Можете да прочитате

Имаме решение за патот за “Тефериџ”. Владата ќе го води проектот, вели Николоски

48. Традиционален Илинденски марш: околу 40 коњаници ќе тргнат од Горно Лисиче кон Крушево

ДЗР: ЈП ПОЦ Скопје со 86 милиони денари неуплатена комунална такса во буџетот на Општина Центар и 20 милиони застарени побарувања