Утрински Весник
Македонија

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот 

Aleksandar nikoloski 2.jpg

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на субвенционирање. Во гостување во “Топ Тема”, тој посочи дека наместо формирање национален авиопревозник, Владата се насочила кон политики кои веќе носат конкретни резултати – зголемен број на патници и десетици нови авио дестинации.

“Во однос на национален авио превозник, мојот став е дека за држави под 20 милиони жители, тоа е неисплатливо, имајќи предвид дека бројот на население е далеку од тоа што се прави да има број на летови кои што можат да направат исплатливост и всушност примерите од нашиот регион тоа го покажуваат. Мислам дека овој концепт кој што го имаме сега, на благо субвенционирање на патници на доаѓање и веќе ги дава резултатите, рече Николоски и ги потенцираше примерите од соседството каде компании или едвај преживуваат или се банкротирани.


Тој посочи дека растот на македонските аеродроми е особено изразен во првите месеци годинава, при што скопскиот аеродром бележи пораст од 30 проценти, додека охридскиот аеродром има раст од 20 проценти.

-Ние имаме 24 нови дестинации откако е избрана оваа Влада. Минатата година двата аеродроми заедно стигнаа до 3.350.000 патници. Оваа година очекувам да одат на 3,5 милиони, а веќе следната и на 4 милиони. Скопскиот аеродром оваа година во првите три месеци има раст за 30%, охридскиот 20%. 

Николоски додаде дека скопскиот аеродром веќе го надминал аеродромот во Приштина по однос на растот, оценувајќи дека според овој параметар, годинава ќе биде водечки на просторот на поранешна Југославија, а значително напредува и во вкупниот број на патници.

Можете да прочитате

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја

Автопатот Кичево–Охрид ќе чини 13,5 милиони евра по километар вели Николоски

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА  „ВРЕМЕ НА ПРЕКРШУВАЊА – ВРЕМЕ НА ГОЛИ ОТОК“