Утрински Весник
Македонија

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Nikolovski.webp.webp

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти може да се најде и од други извори, но вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Вечерно Шоу со Богдан Илиевски”. 

Договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и подршка во реформи, подршка на здравството, образованието, финансиска компонента, но на прво место е политичката компонента, вели вицепремиерот Николоски.


“Имаме држава за партнер од која Македoнија може да добие само многу. Ние со децении зборуваме дека на Македонија и е потребна голема држава како покровител. За жал претходните влади не направија ништо таква држава да застане позади нас, а еве ние успеавме втората најмоќна сила да застане позади нас и затоа велам дека Договорот е историски и 22 мај ќе остане запаметен во македонската историја и долго ќе се зборува за тој датум како датум за кој што Македонија со Велика Британија оствари партнерство и тоа партнерско е уникатно имајќи предвид дека никој друг во регионот  нема потпишано таков Договор и тој носи голема, голема додадена вредност во себе”- потенцираше вицепремиерот Николоски.

За целиот процес кој е транспаретен тој додаде:

” Критиката од опозицијата е добра, бидејќи ние решивме целиот процес да го водиме транспарентно за разлика од претходните времиња и претходни влади. Видовте дека ние Договорот го доставивме во Собрание целиот, не рековме дека е таен или е државна тајна. Гледате дека за секој чекор ја информираме јавноста и мислам дека тоа што опозицијата критикува им се враќа како бумеранг затоа што имаме целосни информации за јавноста за тоа што се случува”- рече Николоски.

Можете да прочитате

Срам ми е од Карпош каков што е денес вели Јакимовски

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот