Утрински Весник
Македонија

Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада кој носи големи економски и политички придобивки

Nikoloski 1 1 1.jpg
Dik 300x250 mk

Владина делегација предводена од заменик претседателот на Владата Александар Николоски, министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на Самитот за Западен Балкан- Берлински процес кој се одржува во Лондон, оствари средба со со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан.

По средбата вицепремиерот Николоски најави истакна дека Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада. Тој најави голем број на средби со високи владини претставници.


Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:

” Денеска ја започнуваме дводневата работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања.

Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер.

 Исто така во текот на денешниот ден ќе има прием кај неговото Кралско Височество, кралот Чарлс што е едно посебно достигнување и чест имајќи предвид дека Македонија во минатото не може да се пофали со ваква голем чест.

Имаме доста средби со членовите на Владата, само што завршивме со средба со министерот за трговија и економија, најзначајниот министер за нас затоа што токму со овој ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада со кој на Македонија и става на располгање 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти. Веќе разговаравме за развојот на брзата пруга на Коридор 10, каде добро напредуваат работите. Веќе почнаа да се работотат документите со цел почеток на работа, ветивме дека оваа есен почнуваме и еве почнуваме. По завршување на локалните избори кога ќе престанат ограничувањата од Изборниот законик ќе почнеме да работиме на болниците во Штип, Тетово и Кичево и секако на други на инфраструктурни проекти.

Во текот на утрешниот ден ќе имаме и средба со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство, министерот за Европа и Северна Америка и многу значајно со министерот за транспорт со кој ќе потпишеме меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај што ќе значи зголемување на можностите за директни летови од Англија кон Македонија за повеќе туристи и повеќе бизнис и неколку други министри кои ќе ги сретнеме во текот на утрешниот ден.

Тука се неколку финансиски институции со кои ќе разговараме за финансирање за реализација на големите проекти така што и политичката и економската димензија е огромна и навистина ќе имаме една плодна дводневна посета во Лондон. И првата средба тоа го покажува дека сме на добра патека и првата средба со министерот за трговија и економија покажува дека се силно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство”- изјави вицепремиерот Николоски

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно