Утрински Весник
Македонија

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините

1000074925.jpg

Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, изјави министерот за транспорт и врски и вицепемиер Александар Николовски, додавајќи дека ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиента. 

„Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милиони евра, 3 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони кои што се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење на улици во вредност од 1,3 милиони евра или вкупно како што кажав за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светска банка што сериозно ќе помогне во подобрување на состојбата со хигиената. Ова е како што кажав, најголем инвестициски циклус во општините, ќе продолжиме и во следниот период. Веќе разговараме со Светска банка, следна недела  нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините, секако и други проекти што заеднички ќе ги работиме” – изјави вицепремиерот Николоски. 

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија