Утрински Весник
Македонија

Николоски и Гир се заложија да ја реконструираат и вратат во функција централната Пошта во Скопје како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот

Photo 2.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.

На средбата покрај инфорациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, се разговараше и за заштитата на културното наследство во Македонија.

Во овој сегмент, се отвори прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.

На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за културa за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконстуркција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција. 

“Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока,  оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства.  Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција” – истакна по средбата заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Можете да прочитате

МВР ги проверува наводите дека едно од уапсените лица кои планирале терористички напад во Виена било со потекло од Македонија

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Струга

Наставниците следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата