Утрински Весник
Македонија

Николоски и Фетаи учествуваат на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан“ во Брисел

Zapaden Balkan.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вицепремиерите Александар Николоски и Арбен Фетаи денеска во Брисел ќе учествуваат на традиционалниот форум во организација на бриселскиот тинк тенк Пријатели на Европа, „Самит ЕУ-Западен Балкан“, кој годинава е насловен „Обновен пристап кон регионот“. 

Целта на „Самитот“ е да се изгради кохезивна и сеопфатна стратегија за интегрирање на регионот на Западниот Балкан во ЕУ, притоа приспособувајќи ги неговите амбиции и политики на новата реалност на проширена и посложена Европа. 

Во најавата на форумот организаторите посочуваат дека поради геополитичката итност создадена од руската инвазија врз Украина, до 2030 година Европската Унија би можела да прими неколку нови земји членки од Западниот Балкан и од Источна Европа.  

– Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, постсоветските – Грузија, Молдавија и Украина и Западниот Балкан се како две страни на една иста паричка. Двата региони се клучни во обликувањето на идниот пејзаж на ЕУ. На нивниот интегративен пат, Молдавија, Украина и Западниот Балкан се соочуваат со слични предизвици поврзани со владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата, геополитичкиот притисок и странските мешања и манипулации со информациите, се наведува во најавата. 

Организаторите на собирот посочуваат дека во одредувањето на темпото и приоритетите на процесот на проширување на ЕУ клучна улога ќе имаат новоизбраниот Европски парламент и новоформираната Еврокомисија.

Можете да прочитате

Осумгодишно дете од Врапчиште повредено од експлозија на петарда

Угостителот Зарков пред суд за убиството на мајка си – „Не се сеќавам на ништо“

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство