Утрински Весник
Македонија

Николоски: 11 нови авиодестинации, 20 проценти раст на туризам, Скопје и Охрид ставени на светската мапа

Ohridski Aerodrom 1 750x500 1.jpg

Туризмот расте со силно темпо како резултат на 11-те нови авиодестинации што ги воведовме. Имаме за 20 % раст на туристи во споредба од минатата година. Скопје веќе е ставен на светската мапа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто во емисијата “Јади бурек”

“Откако сме избрани имаме 11 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Само во мај месец имаме за 101 илјада повеќе туристи отколку во мај месец лани. Туризмот расте со најголемо темпо во државата, 20 % раст има во споредба со минатата година и град број 1 за туризам е Скопје, а Охрид е број 2,  што за мене е логично затоа што начинот на туризам се менува, се повеќе луѓе патуваат да ги видат големите центри, Скопје е веќе на мапата.


Добивме и позитивно мислење од УНЕСКО за реконструкција за аеродромот во Охрид и дадов насоки да заврши туристичката сезона и некаде од месец октомври да започнеме да го реконструираме аеродромот”- изјави вицепремиерот Николоски.  

Можете да прочитате

Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода