Утрински Весник
Македонија

Николоски: 10 милиони евра инвестираме само оваа година за инфраструктурен развој на Битола

Img 129c1df05356dcdf009d67bb42c09e52 V.jpg

Инвестираме 10 милиони евра во Битола оваа година за да го развиеме градот, инфраструктурно да го подобриме и да создадеме услови младите да останат во Битола, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета во општина Битола.

Министерот Николоски, заедно со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на АД за стопанисувње со станбен и деловен простор од значење на Републиката, Марјан Стефановски, го означија почетокот на изградба на нова станбена зграда што се реализира преку  Акционерското друштво.

Зградата е со вкупно 65 станови, со 100 паркинг места, инвестиција од 209 милиони денари. Министерот Николоски истакна дека во Битола се случува инвестициски развој преку реализација на проекти во  патната, комуналната и урбаната инфраструктура.

” Со оваа инвестиција ќе го регулираме пазарот на недвижности и ќе понудиме многу реални цени на становите. Моментално цената на квадратот во Битола, Охрид, Скопје се многу високи. И со ова зграда можам да најавам дека ќе понудиме за најмалку  30 до 40 проценти пониска цена од онаа што е моментално на пазарот. Ќе ставиме крај на уцените на градежниците и ова е само почеток. Во следната година ќе го развиваме и проектот Купи куќа за млади и ушпте многу други проекти од станбената политика”-истакна министерот Николоски.

“Завршена е реконструкција на 7 улици во населба Недопирливи, во тек е реконструкција на ул. Индустриска околу 700 илјади евра. Денеска се избира изведувач за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на 4 улици, ул. „11 Март”, ул. „Панде Николов”, ул. „Козара” и ул. „Чеде Филиповски во вредност од 200 илјади евра. Сo одлука на Влада на Битола и се доделени 2,7 милиони евра за оваа година, следната ќе бидат двојно. Исто така се реконструира влезот на Битола околу 2 милиони евра, оваа комерцијална зграда која чини околу 3,5 милиони евра. И со сите овие проекти придонесуваме за економски развој на градот, стимулирање на економијата и отворање на нови работни места”- потенцираше министерот Николоски.

Директорот на АД за станен и деловен простор истакна дека зградата ќе биде завршена до август 2026 година.

За градоначалникот на општина Битола овие проеки се многу значајни за економскиот и урбан развој на општината. Тој потенцираше дека со финаниската подршка од Владата, од  вкупно 15 прифатени проекти дури 13 се преку Mинистерството за транспорт.

Можете да прочитате

Делегацијата на БЈБ учествуваше во изборот на новото раководство на ИНТЕРПОЛ

ДОАЃААТ СНЕГУЛКИТЕ: Следната седмица особено студено, наутро температури близу -10 степени!

Граѓаните чекаат со часови за ваучери за клими, револтирани од неорганизираниот процес