Утрински Весник
Спорт

Николо Заниоло го пропушта Европското првенство поради повреда

Screenshot 3 11 850x491 1.jpg

Фудбалерот на Астон Вила и италијански репрезентативец Николо Заниоло ќе го пропушти претстојното Европско првенство поради повреда на стапалото, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Заниоло се повреди пред два дена на натпреварот од 37. коло на англиската Премиер лига меѓу Астон Вила и Ливерпул (3:3). Тој влезе во игра во 65. минута, но 14 минути подоцна мораше да го напушти теренот поради повреда.

Италијанските медиуми пренесуваат дека по дополнителните прегледи било утврдено дека играчот на Астон Вила се здобил со тешка повреда на стапалото, а ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.

„Кориере дело спорт“ потсетува дека Заниоло го пропушти претходното ЕП кое се играше во 2021 година поради повреда на лигаментите на коленото. Италија потоа ја освои титулата, откако во финалето на ЕП по изведување пенали ја совлада Англија со вкупен резултат 4:3.

Заниоло (24) за репрезентацијата на Италија одигра 19 натпревари и постигна два гола.
Европското првенство ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули, а Италија ќе игра во група со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС