Утрински Весник
Спорт

Николиќ: Навивачите го водеа МЗТ Скопје до важната победа…Стефановиќ: Расизам во Скопје

Николиќ: Навивачите го водеа МЗТ Скопје до важната победа…Стефановиќ: Расизам во Скопје

МЗТ Скопје Аеродром го победи ФМП на домашен терен со 87:82 и стигна до четвртиот триумф во АБА лигата оваа сезона, зголемувајќи ги шансите за опстанок во елитата.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Драган Николиќ беше задоволен од триумфот и им заблагодари на навивачите за одличниот амбиент.

„Вистинска реткост е на овие простори, некој кој е последен на табелата да има ваква поддршка и ваква енергија во салата. Лесно е да се поддржува и удира по рамо тој што победува, а кога не ти оди обично те туркаат кон дното. Но, во „Јане Сандански“ се чувствува позитивна атмосфера и затоа на кошаркарите им велам дека имаат морална обврска да го дадат максимумот на секој натпревар“, изјави Николиќ.

Неговиот колега Ненад Стефановиќ од ФМП ги критикуваше гледачите кои имале расистички извици „циган“ и „мајмун“ кон неговите играчи.

„Срамота е во 21. век, на трето гостување по ред да слушаме од трибините извици „џипси“ и „манки“. И понатаму имаме некој што омаловажува друг човек поради бојата на кожата. Навистина мислев дека сме го надминале 13. век. Следниот пат, ние ќе го напуштиме теренот. Скандал е ова да се случува во 21. век“, истакна Стефановиќ.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина