Утрински Весник
Скопје

Никако да го изгаснат пожарот во Чаир – Имало многу запалливи материи во подрумите

Pozarcair.jpg

Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, информираа попладнево од ЦУК.

Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, додаваат од таму.

Инаку, 0д МВР информира дека во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улица „Серава“ во Скопје. На лице место била упатена екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Додека, Центарот за управување со кризи информираше дека интервенцијата се извршувала со седум возила и 20 пожарникари. Опожарен е дуќанот за електроника „Хороз Електрик“ на приземјето во зградата.

Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.

Како што информира директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, таму денеска имало 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување, а според директорот на Детска клиника Реџеп Мемеди, кај нив се примени 12 деца на возраст од 5 месеци до 11 години.

Сите пациенти се во стабилна состојба.

Можете да прочитате

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски

Граѓаните пробаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе на протестот