Утрински Весник
Свет

Нигерија: Свештеник изгоре до смрт во подметнат пожар, друг повреден додека бегал

Нигерија: Свештеник изгоре до смрт во подметнат пожар, друг повреден додека бегал
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вооружени напаѓачи во северозападна Нигерија денеска ја запалија резиденцијата на католичкиот свештеник Исак Ачи, кој изгоре во пожарот, а пукаа и рани друг свештеник, отец Колинс, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Васиу Абиодун, портпарол на полицијата на државата Нигер, рече дека вооружени напаѓачи ја запалиле резиденцијата на отец Исак Ачи, од католичката црква Свети Петар и Павле, во областа на локалната самоуправа Паикоро, откако не успеале да влезат околу 3 часот наутро, објави Ројтерс.

Отец Ачи бил запален, додека друг свештеник идентификуван како отец Колинс, кој бил во куќата, бил застрелан и повреден додека се обидувал да избега.

Можете да прочитате

Политико: АфД обвинета за собирање информации за Кремљ

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи