Утрински Весник
Свет

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

20241125074753 Big 730x400 90.webp.webp

Независниот ултрадесничарски кандидат на претседателските избори во Романија, Калин Георгеску, води со 22,84 отсто од гласовите, додека актуелниот премиер и претседателски кандидат на Социјалдемократската партија, Марсел Чолаку, освои 19,24 отсто, според резултатите добиени по пребројани 99,5 отсто од гласовите.

Медиумите претходно објавија, по преброени 80 отсто од гласовите, дека и двајцата кандидати постигнале изедначен резултат на изборите одржани во неделата – со по 22,1 отсто од гласовите.

На претседателските избори во Романија учествуваа 14 кандидати за функцијата шеф на државата. 

Можете да прочитате

Запалено американското знаме на протест во Цирих

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос

Американскиот министер за трговија со остри критики кон Европа