Утрински Весник
Свет

Невреме во Велика Британија: Откажани летови, прекини на струја во Ирска

20240407092459storm.jpg

Невреме во Велика Британија и Ирска предизвика откажување на летовите во двете земји и остави без струја илјадници домови во Ирска, објавија британските медиуми.

Невремето, наречено Кетлин, погоди голем број летови на аеродромите во Ирска и Велика Британија, вклучувајќи ги аеродромите во Манчестер, аеродромот во Белфаст и аеродромот во Даблин. Во Шкотска, од невремето беа погодени и железничките линии и фериботите.

Силниот ветер предизвика прекин на електричната енергија. Околу 34.000 домаќинства и бизниси останаа без струја во Ирска.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд