Утрински Весник
Македонија

Невреме во Неготино, поплавени објекти, штетата дополнително ќе се утврдува

Невреме во Неготино, поплавени објекти, штетата дополнително ќе се утврдува
300x250 (7)

Според информацијата добиена од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Неготино, во текот на денот од 11.45 до 12.30 часот на подрачјето на Општина Неготино се случило невреме, пропратено со врнежи од дожд, известува Региналниот ЦУК Велес.

dobivaj vesti na viber

Врнежите биле обилни и истите предизвикале поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН за којашто било реагирано на време од страна на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Неготино и не дошло до прекин во електроснабдувањето.

Ss1

Исто така, во с. Дисан била поплавена куќа.

ТППЕ Неготино интервенирале со 4 екипи од 8 пожарникари и 3 противпожарни ПП возила со соодветна опрема за испумпување на насобраната вода.

Според надлежните, има предизвикано материјална штета која дополнително ќе се утврдува.

Интрвенцијата траела од 12.30 до 16,30 часот.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk